На чекор до финале: Атрактивната Андријана Петрушовска „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, Цеца и Шерифовиќ воодушевени! (ВИДЕО)

Браво девојко!

Младата пејачка Андријана Петрушовска буквално „растури“ во саботата на најголемото музичко натпреварување на овие простори – „Ѕвездите на Гранд“.

Со сите шест гласови од жирикомисијата нашата Андријана директно отпатува во четвртфиналето и со тоа потиша договор со „Гранд продукција“.

Жирикомисијата составена од Саша Поповиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Стојковоиќ – Босанац, Ана Бекута, Мили, Вики Миљковиќ и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид имаа само пофални зборови за настапот на Петрушовска.

Особено силни зборови за Андријана упати Марија Шерифовиќ…

“Браво, браво, лудница“ – беше коментарот на Шерифовиќ, а по неа се надоврза и Цеца Ражнатовиќ…

„Што ти реков, што ти реков? Браво кукло“!

Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“.

Погледнете го нејзиниот настап:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.