Некои жени се колнат во овој трик: Дали ретинолот навистина ги елиминира подочниците, флеките и кесичките под очите?

Може ли да се постигнат сите овие ефекти за 2 недели?

Жените тврдат дека ги пегла брчките, ги намалува кесичките под очите и ги отстранува флеките

Многу жени во последно време се колнат во благотворните дејства што ги има ретинолот кога станува збор за ублажување на симптомите на стареење на кожата.

Сите се мачиме со темните кругови, кесичките и брчките од смеење, па дали навистина употребата на ретинол може да ги намали тие непосакувани гости на нашето лице?

Една фотографија на Твитер покажува дека ретинолот навистина може да ги намали подочниците и кесичките и да ги испегла брчките. На неа се гледа неверојатно подобрување на кожата под очите во период од две недели, односно гледаме како брчките и подочниците значително се повлекле благодарение на ретинолот. Дали е тоа реално? И што, всушност, е ова чудотворно средство што ги елиминира знаците на стареење?

https://twitter.com/ThomasBeautyy/status/1511871419658899457?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511871419658899457%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flepi-zdravi%2Fnega%2F175979%2Fretinol-eliminise-podocnjake-fleke-i-kese-ispod-ociju

Дериватот на витамин А го стимулира производството на колаген, ублажувајќи ги линиите и брчките на кожата на лицето. Сепак, за да ви се подобри и затегне подрачјето околу очите како на фотографијата, логично е дека не е доволно да го користите само вашиот стандарден крем со ретинол.

Кожата под и околу очите е многу тенка, па дерматолозите советуваат дека доколку одлучиме да користиме ретинол на подрачјето околу очите, треба да внимаваме и на иритациите, како и дека подобро е да го користиме во вечерните часови, бидејќи така иритацијата побрзо ќе помине доколку дојде до неа.

„Секако дека може да се користи ретинол под очите, но најдобро би било лекарот да ви ја одреди дозата за да не дојде до некои несакани ефекти“, откриваат дерматолозите.

Од друга страна, некои дерматолози сметаат дека фотографијата погоре е лажна.

Тие објаснуваат дека ретинолот се користи за обновување на кожата, дека се применува за елиминација на флеките и во борбата против акни, како и дека го забавува стареењето, но дека не може за две недели да ги елиминира подочниците.

Интернет-врат, паметни брчки… Како дигиталната доба влијае на кожата?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.