Ако сакате да изгледате моќно, облечете се вака: Топ 10 зимски стајлинзи за жените во 50-тите години!
Модни предлози
Температурите се спуштија под нулата, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добрите модни комбинации
И на вакво време можете да изгледате тип-топ средени со помош на неколку модни совети. Ладните денови најдобро е да ги зачините со интензивни бои и интересни кроеви. Оваа зима на располагање ни се многу стилови и трендови, па секоја дама може да си најде нешто по свој вкус.
Кога нема сонце, барем вие заблескајте во полн сјај. Фустани, панталони, здолништа, капути, будни, сето тоа е многу актуелно овој период.
Ние пронајдовме неколку интересни стајлинзи, а вие фрлете око и сигурно ќе најдете нешто што ви се допаѓа.
Класика за сите времиња
Со фармерки и џемпер никогаш нема грешка.
Стајлинг што остава впечаток
За оние посмелите дами, тука е впечатливиот дезен. Во ваков стајлинг нема да поминете незабележано.
Слоевито облекување
Освен што ќе ви биде топло и удобно, во ваквиот стајлинг ќе оставите одличен впечаток.
Бело од глава до пети
Не постои поелегантен стајлинг од овој. Белата боја е совршен избор за зимските денови.
Фустан + чизми = совршена комбинација
Комбинезоните доминираат оваа сезона
Многу практично, удобно и трендовско парче со кое не можете да погрешите.
Лежерен стајлинг
Кога не сакате да губите премногу време на спремање, но сепак сакате да оставите добар впечаток, одберете фармерки и пончо. И оваа зима, пончото е на самиот врв на модната листа.