Кијану Ривс на сите верници им го честита Божиќ со православна икона во рацете! (ФОТО)
За тоа сите го обожаваат...
На Твитер се појави фотографија од еден од омилените актери на денешницата, славниот Кијано Ривс, кој во рацете држи православна икона.
Оваа иста фотографија се појави и минатата година, на ист датум, а неговиот потег многумина го протолкуваа како негова честитка за Божиќ на сите православни верници кои најрадосниот празник го обележуваат по Јулијанскиот календар.
— Keanu Reeves KCR (@KeanuReevess_) January 7, 2022
Фотографијата на холивудската ѕвезда со икона на Богородица и Исус Христос доби голем број позитивни коментари.
Помеѓу познатите фаци во Холивуд има многумина што Божиќ го слават на 7-ми јануари, а некои од нив се Наоми Кембел, Ким Кардашијан, Том Хенкс и Џенифер Анистон.