Нова сезона и нови нијанси – од неутрални до смели и темни. Сè на сè: за секого по нешто!
1 Класична црвена
Долги, кратки, заоблени, коцкести, шпицести или бадемести нокти – не е важно. Важно е да се црвени!
2 Металик
Навистина моќните металик-нијанси го издигнуваат секој стајлинг на повисоко ниво. Сребрените се вбројуваат меѓу фаворитите, иако во игра ќе бидат и розовата, златната и црната.
3 Како накит
Прескокнете ги дијамантите, изберете ги смарагдите, исто како Ана Суи! Оваа студена нијанса изгледа совршено и на кратки и на долги нокти.
4 Неутрално
Уште една позната тема. Во секоја пригода, со секоја комбинација – со беж-нијансите едноставно нема да згрешите!
5 Темно, потемно, најтемно!
Темните нокти не се новост, особено во есенскиот и зимскиот период на годината. Сепак, поигрувањето со мат и блескавите нијанси може да ја освежи маникир-рутината.
6 Колоритен микс
Во дилема сте на која есенска нијанса да ѝ дадете примат? Имаме решение: креирајте ја сами својата колоритна шема и обојте го секој нокт во различна нијанса. Резултатот дефинитивно ќе биде забележан.
Текст: Наташа Човиновска
Фото: Getty Images