Ручек за денес: Ризото со печурки!

Рецепт на денот

Нашиот денешен предлог за ручек

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 1 рендан морков
  • 2 чешниња лук
  • 300 г буковка
  • 200 г ориз
  • куркума
  • сол и бибер
  • свеж магдонос
Приготвување:

Продинстајте ги кромидот и морковот на малку масло. Додајте сечкана буковка, па динстајте малку подолго. Посолете и додајте бибер. Кога ќе испари водата што ја пуштила буковката, додајте измиен ориз. Додајте малку куркума. Промешајте, па сипете вода за да го потопи оризот. Гответе на тивок оган. Уште еднаш додајте малку вода. Потоа, ставете исцеден лук и ситно сечкан свеж магдонос. Тргнете го од оган и поклопете го, па оставете го оризот да се олади малку.

Добар апетит!

Вкусен и лесен ручек богат со хранливи состојки: Пробајте ризото карбонара!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.