Вкусен и лесен ручек богат со хранливи состојки: Пробајте ризото карбонара!

Одличен ручек

Пробајте ризото на малку поинаков начин

Состојки:
  • 2 средни главици црвен кромид
  • 100 г месеста сланина
  • 50 г путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 200 г ориз
  • 100 мл бело вино
  • пилешка сипа од коцка по потреба
  • 3 жолчки
  • 150 мл павлака за готвење
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 350 г пилешко бело месо
  • 80 г рендан пармезан
  • бибер
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, сланината исто така се сечка на коцки, а пилешкото месо на крупно.

2. Во тенџере се загреваат путерот и маслиновото масло, па се додава сланината и кратко се пржи да зарумени. Се решеткаста лажица сланината се вади и се остава настрана.

3. Во маснотијата се додава црвениот кромид и се пржи додека зарумени. Потоа се додава оризот, па сето тоа заедно кратко се пржи. Понатаму се динста со долевање по малку пилешка супа, додека оризот набабри наполу.

4. Се додава белото вино и се продолжува со динстање додека изврие вишокот течност (оризот не треба да биде целосно сварен).

5. Се трга од шпоретот, па се додаваат жолчките и добро се меша. Потоа се додаваат сланината и павлаката за готвење, се ставаат пармезанот и магдоносот, се посолува и забиберува по вкус. Се поклопува и се остава оризот целосно да набабри.

6. Пилешкото месо се зачинува и се пржи на малку масло. Се додава во готовото ризото.

Извор: Добра храна

Ризото-тестенини: Италијански специјалитет готов за 25 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.