6 есенски комбинации во кои дефинитивно ќе бидете забележани (ФОТО)
Кога зборуваме за стилизирана есен, сè се врти околу класиката – совршени фармерки, добар пар чизми, впечатливо палто и плетиво. Секоја комбинација од овие парчиња облека ќе го направи вашиот стајлинг беспрекорен.
За да составите една модерна есенска комбинација, треба да имате на ум само едно нешто: пропорциите. Како да го направите плетивто од полесен материјал сезонски посоодветно? Додајте зимски чизми! Како да избегнете безоблична силуета кога ќе облечете предимензиониран џемпер? Комбинирајте го со тесни фармерки. Како да носите чизми до колена а да не изгледате вулгарно? Спојте ги со миди-фустан!
На крајот на краиштата, модата, како и сè друго во животот, е најдобра кога е во рамнотежа.
Ви претставуваме 6 стилски идеи за есенски аутфити од глава до петици.
1 СТАЈЛИНГ ЗА БЕГСТВО ОД ГРАДОТ
Мек, предимензиониран џемпер + фармерки + рамни обувки = добитна комбинација!
2 СТАЈЛИНГ ЗА ЛЕЖЕРЕН СОСТАНОК
Фустан со рамен крој од плетиво + сако + чизмички = добитна комбинација!
3 СТАЈЛИНГ ЗА РУЧЕК ВО ГРАДОТ
Тесна блуза + широки и длабоки панталони + тренч-капут = добитна комбинација!
4 СТАЈЛИНГ ЗА КАНЦЕЛАРИЈА
Сако + џемпер + класични фармерки + високи потпетици = добитна комбинација!
5 СТАЈЛИНГ ЗА ВИКЕНД
Ролка + панталони со рамен крој + долг капут = добитна комбинација!
6 СТАЈЛИНГ ЗА ВЕЧЕРНО ИЗЛЕГУВАЊЕ
Кожено здолниште + хулахопки со дезен + бундичка = добитна комбинација!
Фото: Инстаграм