Течната храна го забавува празнењето на желудникот, така што чувството на глад се јавува многу подоцна одошто кога јадеме цврста храна.
Состојки:
1 пилешки гради
1 кромид
1/3 праз
1 шолја боранија
1 шолја никулците
1 чешне лук
1 л вода
сол
црн пипер
исечкан магдонос
масло
Приготвување:
Испржете ги ситно сечканите кромид и праз во малку дозволено масло.
Исечете го белото месо на коцкички и испржете го кај кромидот.
Додајте сечкана боранија, било свежа или замрзната, прокељ, лук и зачини по вкус.
Додајте вода во тенџерето и варете ги сите состојки заедно на умерен оган околу 30 минути, додека омекне месото. На крај додајте ситно сечкан магдонос и послужете топло.
Текст: Добра храна
Фото: Илустрација