Ќофтињата се многу декоративни, па може да ги послужите во вид на канапеи во посебни пригоди.
Состојки:
500 г варено пилешко месо
1 кромид
300 г спанаќ
1 чешне лук
1 белка од јајце
сол
црн пипер
малку мускатно оревче
масло
Приготвување:
- Сварете ги пилешкото месо и кромидот во супата, па процедете ги и оставете ги малку да се изладат.
- Иситнете ги месото и кромидот во блендер, додајте исчистен спанаќ, мускатно оревче, лукче и зачини по вкус, па добро измиксирајте во фино пире.
- Додајте 1 белка во смесата за да ги поврзе состојките, па обликувајте ги ќофтињата.
- Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, прелијте ги со малку масло и печете ги на 200 степени, 30 минути. Послужете ги со салата од рендана зелка и млад кромид.
Текст: Добра храна
Фото: Илустрација