Ако сакате да го сочувате бракот, бидете претпазливи од 10 септември до 7 октомври: Венера е во Скорпија, настанува општо лудило!

Отворете очи и на тилот!

Отворете ги очите, бидете претпазливи, но пред сè, бидете толерантни

Кога Венера е во Скорпија, можеме да очекуваме дека сиот „валкан веш“ ќе излезе на површина, особено кога станува збор за партнерските односи.

Венерата во Скорпија многу бара

За оваа Венера, љубовта е еднаква на болка. Таа е сурова и страсна. Од партнерот бара сè, но исто толку и дава. Самата Венера владее со нашите вредности кога станува збор за љубовта и токму на ова поле некои ќе доживеат големи промени.

Оваа Венера е тешка, но многу дава

За време на своето движење, Венера ќе формира квадрат со Плутон, што ќе донесе големи сексуални апетити, љубомора и голема потреба за контрола. Сето тоа доведува до расправии и сериозни караници во партнерските односи.

Четири знака ќе доживеат турбуленции

Овој аспект најмногу ќе го почувствуваат Биковите, Лавовите, Скорпиите и Водолиите.

Уран е уништувачка планета и не е тактична

Имено, на 19 септември Уран ќе ѝ се приближи на Венера и ќе бара од нас промени во врските, но и промени во нас. Уран е деструктивна планета што не е тактична. Се советува да се воздржите од нагли промени, ако тоа е возможно. Овој допир на Венера и Уран најмногу ќе го почувствуваат Биковите, кои не сакаат промени.

Тајните излегуваат на виделина

Многу скриени тајни ќе излезат на виделина. Во периодот на овој транзит на Венера преку знакот Скорпија, не треба да започнувате површни врски. Оваа Венера нема да ви го дозволи тоа. Ако запознаете некого сега, нема криење, ќе се запознаете до крајот, до најмрачните делови на вашата душа.

Ова е период за врски за една вечер

Сите ќе бидеме соголени до крај. Исто така, оваа Венера обожава секс и врски без обврски, па ако сакате да го испробате тоа, сега е идеалното време за тоа.

Но внимавајте да не ја изгубите главата! Кога Венера во Скорпија еднаш ќе се вовлече под кожата, тешко се заборава и ќе барате што повеќе и повеќе.

Оваа Венера најубаво ќе ја почувствуваат Скорпиите, Раковите и Рибите, а малку потешко ќе им падне на Водолиите, Биковите и Лавовите.

Доаѓа најсилниот ретрограден Меркур за оваа година: Од 27 септември нè очекуваат големи промени
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.