Доаѓа најсилниот ретрограден Меркур за оваа година: Од 27 септември нè очекуваат големи промени

Хороскоп за ретрограден Меркур од 27 септември – еве ги промените на судбината што нè очекуваат!

Последниот ретрограден Меркур во 2021 година нè очекува на 27 септември 2021 година и трае до 18 октомври. Ќе биде стациониран во воздушниот знак Вага и ќе има најголемо влијание врз нашата комуникација, знаење и примање информации.

Ретроградниот Меркур е аспект што има најлоша репутација. Секогаш кога ќе се случи „кинење на конците“, тој одложува некои планови, склони сме да правиме грешки, да губиме работи, а можни се и разни дефекти во домот. Неговата порака е да се запознаеме себеси подобро, да го откриеме нашето внатрешно јас и да се поврземе со нашиот потсвесен ум.

Бидејќи ретроградниот Меркур е во Вага, исто така е важно да се фокусирате на партнерството и љубовта. Ќе го смениме начинот на кој комуницираме со луѓето, а тоа може да доведе до значителни проблеми и конфликти. Ќе мора да поставите некои граници во комуникацијата, но внимавајте што зборувате, бидејќи секој збор може да биде оружје.

За време на ретроградната фаза на Меркур, исто така треба подетално да ги разгледате вашите соништа. Нашите соништа можат да бидат портал за нашата потсвест, а Меркур може да остави пораки во соништата. Кога Меркур ќе влезе во ретроградна фаза, ќе имаме вкупно 6 ретроградни планети истовремено, така што можеме да очекуваме силен бран на енергија што ќе ја промени нашата судбина.

Многу работи во нашите животи значително ќе забават и можеби ќе треба да направиме неколку чекори назад за да можеме воопшто да одиме напред. Учете од вашите грешки од минатото, бидејќи искуството може да ве заштити од нови предизвици и проблеми. Многумина ќе се осврнат на теми што беа клучни за нив во јуни оваа година.

Нашата интуиција ќе биде зголемена, така што сè што ќе започнете го правите од срце. Слушајте што шепоти вашиот внатрешен глас!

Прочитајте и: По што е посебен секој знак на Зодијакот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.