„Ми беше кажано дека морам да бидам силувана ако сакам да работам“: Манекенката истапила во јавност со морничава исповед!

Морничаво

Поранешната манекенка Кери Сутон прозборела за силувањето што го доживеала од страна на сопственик на модна агенција кога имала само 17 години

Поранешната супермоделка, 52-годишната Кери Сутон на конференцијата за медиуми во Париз, прозборела за силувањето и злоупотребувањето што го преживувала додека работела во агенцијата со која тогаш управувал нејзиниот наводен злоупотребувач, Џералд Мари.

Мари бил претседател на европската дивизија на една од најголемите агенции за откривање модели, Elite Model Management, во моментот кога Кери стигнала во Париз на само 17 години. Ја откриле во Калифорнија од американското претставништво на таа агенција и набрзо ја испратиле во Франција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carré Otis (@iamcarreotis)


Кери во Париз разговарала со истражители и на конференцијата за медиуми, заедно со другата наводна жртва, Леса Аморе, го опишала наводното сексуално злоупотребување, кое вклучувало и повеќекратно силување од страна на Џералд Мари.

„Само што ја започнав мојата кариера, а веќе бев искористена. Од Мари зависев за храна, покрив над главата и вработување“, рекла Сутон и додала дека веднаш ѝ било јасно што се очекува од неа.

„Ми беше дадено до знаење дека морам да трпам злоупотребување ако сакам да продолжам да работам“, додала поранешната манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carré Otis (@iamcarreotis)


Иако поради застарување на случајот, според францускиот закон, не може казнено да се гони наводниот сексуален предатор, кого го нарекуваат европскиот Вајнстин, Сутон покренала граѓанска тужба против него во судот во Њујорк.

Нејзиното сведочење во Париз, како што рекла, има поинаква вредност.

„За мене правда не е само да видам некого зад решетки. Бидејќи има многу Џералди во оваа индустрија. За мене тоа сега значи да видам промени во оваа сè уште нерегулирана индустрија“, рекла Кери.

Таа и Аморе се согласиле дека денешната индустрија е истата таа индустрија што им овозможила на мажите да плаќаат за пристап до жените и нивните тела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carré Otis (@iamcarreotis)

Кампањата за промени во модната индустрија јавно ја поддржале и поранешните манекенки Карла Бруни, Хелена Кристенсен, Мила Јововиќ и Паулина Порзикова.

Порзикова укажала на проблемот дека младите модели ги учат да го сфаќаат сексуалното злоупотребување како комплимент, додека Мила рекла дека лично не доживеала таков вид злоупотребување, но дека ја искусила културата на Дивиот Запад, во која децата се третираат како возрасни и каде што сè може да пројде.

„Млад си и ранлив и како таков, лесно може некој да те научи на доживотно злоупотребување и на лоши навики што ти ја обликуваат самодовербата и чувството на сопствена вредност до крајот на животот“, додала Јововиќ.

На движењето на единаесетте поранешни манекенки, меѓу кои освен Кери, Аморе, Џил Дод, Шона Ли, Емили Мот и Еба Карлсон, реагирала и Линда Евангелиста, која била во врска со Џералд во времото кога тој ја злоупотребувал Леса Аморе.

„За време на мојата врска со Џералд Мари не знаев ништо за наводите за сексуално злоупотребување, па не можев да им помогнам на овие жени.

Кога ги слушам сега, како и кога ќе се присетам на сопствените искуства, верувам дека ја кажуваат вистината. Срцето ми се крши поради нивните рани кои можеби никогаш нема да зараснат. Им се воодушевувам поради нивната храброст и сила што решија да проговорат за сето тоа денес“, рекла Линда Евангелиста.

Една од причините зошто поранешните манекенки проговориле денес е таа што сметаат дека застарувањето на случаите на сексуално злоупотребување премногу рано стапува на сила и поради тоа им оневозможува на жртвите да ги пријават своите злоупотребувачи.

„Жртвите на сексуално злоупотребување ја заслужуваат можност да ги пријават своите злоупотребувачи, а за тоа е потребен правен систем кој дејствува во согласност со времето зад траумите“, рекла Леса Аморе.

На обвинувањата за злоупотребување, Мари одговорил преку својата адвокатка Селин Бекерман.

„Мари е запрепастен од овие лажни и клеветнички обвинувања“, рекла Бекерман и додала дека нема да даваат изјави сè до службениот разговор со овластените авторитети.

https://www.youtube.com/watch?v=cUPkjLHzz4Q

Одбирала контроверзни мажи, идентитетот на таткото на нејзиното дете го шокирал светот: Животната приказна на најхаризматичната манекенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.