Ешли Греам даде неколку одлични совети за потемен тен

Познатиот модел и ТВ личност сподели совети за сончање и создавање мигови на мир.

Моделот, автор и активист за позитивност на телото, е главно одговорна за инклузивноста во индустријата за убавина. Таа направи незаборавен изглед на насловната страница на „Sports Illustrated Swim“, само еден од многуте редефинирани моменти за убавина во нејзината кариера.

Приземната 33-годишна даде неколку совети за сончање, но и неколку дневни велнес ритуали. Таа вели дека, покрај заштитен фактор и капите, потребно е да се подготви и кожата за сонце. „Прво и најважно, водете сметка за пилинг под туш. Не користете абразивен сапун. Мора добро да ги ексфолирате рацете, нозете, лактите и колената“. Таа исто така советува дека за тешко достапните места, како што е грбот, да користиме спреј како заштитен фактор, а можеби и како средство за самопотемнување.

А што е со ритуалите што постигнуваат мир за време на стресен ден? „Живееме во свет каде што сме фрлени во тоа што треба да бидеме, што треба да си кажеме и како треба да се однесуваме. Но, мислам дека начинот на борба против тоа е вистинска афирмација за себе. Знаејќи дека имате некои ваши сопствени ритуали, мантри – за денот, неделата и сè друго. Секој има нешто различно – медитирајте, вежбајте, одвојте неколку минути целосен мир. За мене, тоа е молитва. Зборувам гласно и тоа е нешто што можам да го направам за себе секој ден, дури и ако бидат само пет минути“, вели фантастичната Ешли.

Прочитајте и: Спиењето на сонце во никој случај не е добро за вашата кожа – еве зошто

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.