Сите ќе ви го бараат рецептот
Состојки:
- 2 јајца
- 130 г шеќер
- 70 г масло
- 170 г брашно
- 40 г какао
- кесичка прашок за печиво
- 3 г сода бикарбона
- 130 мл зовриена вода
- калап за торта со пречник од 18 см
За глазурата:
- 30 г путер
- 50 мл млеко
- 80 г чоколадо за готвење
Приготвување:
Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот, па додајте масло, брашно, какао, прашок за печиво и сода бикарбона. Продолжете да матите додека добиете хомогена смеса. На крај, додајте и 130 мл зовриена вода, измешајте и префрлете ја смесата во калап за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 45 до 50 минути. Кога ќе биде готова, извадете ја тортата од калапот и отсечете го врвот. Од деловите на кората што сте ги пресекле, направете декорација.
За глазурата, во помал сад ставете путер и млеко и стопете ги на среден оган, а потоа додајте и парчиња чоколадо. Кога сето тоа ќе се стопи, глазурата е готова. Прелејте ја кората со глазурата, а горниот дел од кората што сте го пресекле претходно, сомелете го во сечко и украсете ја тортата со него.
Во видеото погледнете детално како изгледа постапката…