Новинарката (53) ја користи секоја пригода за да покаже како изгледа телото на жена во 50-те: Зошто е ова дегутантно за сите?

Како од мајка родена

Британската новинарка и моделка Улрика Јонсон (53) не ги крие брчките, но ни телото – со задоволство покажува како изгледа жената во 50-те години

Улрика Јонсон (53) е сестрана британска новинарка, која некогаш се занимавала со моделство, а во новинарството влегла така што читала временска прогноза. Во светот во којшто доминира вечната желба за младост, Улрика се издвојува бидејќи не ги пегла брчките, напротив, со задоволство ги покажува!

Неретко, оваа новинарка на својот инстаграм-профил објавува фотографии на кои е гола, додека стратешките места ги крие само со пешкир.

За себе вели дека е во фаза на „сексуално будење“, односно ги советува своите деца да го пронајдат своето сексуално ослободување.

„Јас сум сексуално битие. Тоа е нешто што често им го кажувам на моите деца – а тие се ужасуваат.“


Оваа 50-годишна жена има исклучително слабо тело кое редовно го украсува со тетоважи и пирсинзи. Моментално има 13 тетоважи, а важните животни пресврти и понатаму планира да ги одбележува со мастило на кожата.

Иако е отворена кога станува збор за сексуалноста и со задоволство покажува како изгледа телото на жена во 50-те години, многумина го сметаат нејзиното однесување за дегутантно, па ја советуваат да престане со тоа.


Улрика има три пропаднати брака, а вели дека не ја исклучува можноста за уште еден брак, ако најде љубов. Мајка е на четири деца: Камерон (26), Бо (21), Марта (16) и Малком (12).

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.