Оваа недела ќе биде турбулентна за овие 3 хороскопски знаци: Внимавајте, ѕвездите не ви се наклонети!

Астро-прогноза

На овие знаци ништо нема да им оди од рака

Познатиот руски астролог предупредува за неповолните аспекти што најмногу ќе ги погодат овие три хороскопски знаци. Тие од последните денови на мај, па во наредните седум дена, ќе се соочат со големи проблеми, не само на поле на љубовта, туку и на здравјето, предупредува рускиот астролог Павел Глоба. Еве кои знаци се изложени на ризик…

Близнаци

Луѓето родени во знакот Близнаци, овој период од 31 мај до 6 јуни, не би требало да преземаат поголеми работни обврски. Според астролозите, сите проекти ќе бидат неуспешни, без оглед на тоа колку им се добри идеите. Што се однесува до здравјето, се препорачува овој период никако да не се лекуваат на своја рака. Ако треба, задолжително одете на лекар, бидејќи во блиска иднина може да почнат да ви пречат главоболките. Неповолен ден: 3 јуни.

Рак

Ракот би требало да се осами малку овој период. Само привремената самотија ќе ги заштити од сериозни конфликти. Раковите треба да бидат внимателни, да ги одмеруваат своите зборови, но и да не им даваат причини на другите за озборување. Освен тоа, се советува припадниците на овој знак да направат целосен лекарски преглед. Ова особено се однесува на оние што страдаат од срцеви болести или васкуларни патологии. Неповолен ден: 5 јуни.

Девица

За Девиците ова е многу тежок период. Веројатно ќе се соочат со низа обвинувања од страна на саканата личност. Меѓутоа, почитувањето, истрајноста и придржувањето кон принципите, ќе бидат најдоброто оружје во овој момент. Девиците треба да се чуваат од повреди: постои голема веројатност да се сопнат и да паднат од ведро небо. Неповолен ден: 2 јуни.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.