Го најдовме фустанот што им стои на сите жени: Број 1 за лето 2021!

Врвна комбинација

Хајди Клум (47) прошетала во бел фустан што ги воодушевил жените ширум светот

Совршен пример за едноставна, чиста елеганција е Хајди Клум во бел фустан со средна должина.

Овој неверојатен фустан ќе биде првиот избор на секоја жена во текот на летните горештини. Фустанот има ситни реси по рабовите, кои се поместуваат и даваат чувство на бранови додека се движите. Има широк крој, па стои на сите форми на тело.

Ременот во беж боја служи за да го нагласи струкот, но никако и вишокот околу стомакот. Токму поради тоа можат да го носат сите жени, без оглед на фигурата.

Со него можете да комбинирате сандали со потпетици, рамни или пак патики. Набавете и поголема чанта, префрлете тексас-јакна врз рамената и подготвени сте за првите пролетни денови.

Тексас-фустан во режија на кралицата Летиција: Овој модел ѝ стои на секоја жена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.