Ники Хилтон воодушевила со стајлингот: Во овој фустан секоја жена изгледа барем 5 килограми послабо!
За чиста десетка
Овој фустан е најдобриот пролетен избор
Замислете си фустан во кој ќе ви биде удобно, а кој истовремено може да ги сокрие вишокот килограми и да направи фигурата визуелно да изгледа како песочен часовник. Е токму таков е и овој во кој прошетала Ники Хилтон и потполно ги воодушевила модните критичари.
Доколку сакате да ги камуфлирате килограмите, овој фустан е полн погодок. Трикот кај овој модел е појасот на струкот кој прави фигурата да изгледа одлично, а со оглед на тоа што лелеав, фигурата автоматски изгледа и повито.
Ники Хилтон одбрала балетанки, но овој модел одлично би изгледал и во комбинација со високи потпетици.
Освен добриот избор на модел, модните критичари го пофалиле и дезенот, кој моментално е еден од водечките.