Единствениот џемпер што ви треба за преодниот период: Изгледајте шик во секоја комбинација!
Едноставен и ефектен
Проверена комбинација на едноставен крој, неутрални бои и квалитетен материјал
Едно од модните парчиња што се на листата на најдобри во модниот свет е џемперот со линии.
Иако секоја година со нетрпение ја чекаме пролетната сезона за да се ослободиме од топлите слоеви и да внесеме свежина во нашата гардероба, плетивото сè уште ќе игра голема улога во нашиот плакар и во секојдневните комбинации.
View this post on Instagram
Токму тоа е причината зошто модните брендови во своите колекции за претстојната сезона претставија безброј ефектни модели на џемпери и кардигани. Сепак, меѓу разновидните и шарени модели, еден едноставен модел особено се истакнал.
Истовремено класичен и тренди, едноставен и ефектен, џемперот со линии е модниот фаворит кој крие безброј различни идеи за комбинирање и на секој стајлинг му дава шик изглед.
View this post on Instagram
Како најпопуларен модел на џемпер со линии, сè уште се истакнуваат оние со комбинација на тегет и бела боја.
View this post on Instagram
Покрај неговото класично издание, новите колекции донесоа и неколку нови еднакво сестрани и шик модели. И додека белата боја ја заменила со нијанси на беж боја, тегетот во неколку популарни модели ја заменува црната боја, а ефектен печат дава и додатокот на црвени линии.
View this post on Instagram
Како ќе го носиме џемперот со линии оваа пролет?
Во лежерна комбинација со сини фармерки, шик издание со деловни панталони или во кул спој со кожени панталони. Префрлен преку рамена во комбинации во која главна улога играат блејзерот или фустанот се уште една одлична идеја од плакарите на модните трендсетерки. Дури и во најтоплите пролетни денови, џемперот со линии ќе се задржа меѓу нашите фаворити – тогаш ќе го комбинираме со кратки панталони и слип-здолништа.
View this post on Instagram
Погледнете ги најдобрите комбинации со џемпер со линии…
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram