Беж боја од глава до пети – тренд што одлично им стои на сите жени: Еве како се носи без грешка!

Моден предлог

Вака облечена, секоја жена изгледа како милион долари

Крем бојата, а ни монохроматскиот стил, нема наскоро да излезат од мода, а ние најдовме одличен стајлинг кој може да ви послужи како инспирација доколку сакате вакви модни комбинации.

Пејачката Ешли Роберт уште еднаш ни даде одличен предлог како да го понесеме овој тренд без грешка.

Фармерките со рамен крој се одличен избор оваа сезона. Модните експерти ги сместија на самиот врв на модната листа. Тие нагласуваат дека овој модел подобро им стои на високи и вити жени, додека дамите со пошироки колкови би требало да ги одбегнуваат.

Ешли одбрала и крем ролка и тексас јакна. Со крем чанта и салонки го надополнила целиот стајлинг.

Трендот од 1990-те се враќа на модната сцена: Токму ваква чанта треба да има секоја жена со стил!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.