Предлог за идеална комбинација: Бело сако како дел од модерен стајлинг
Аутфит на денот
Комбинирањето елегантни и модерни парчиња облека за креирање женствен и впечатлив изглед бара шик и вонвременска облека, а сакото е меѓу основните елемнти.
Карираното сако има свои мигови и оваа сезона и навистина го сакаме, но сепак црните и белите сакоа се наши најдобри сојузници во креирањето шик модна комбинација.
Пред нас е пролетта, па време е светлите парчиња облека да ги извадите од плакарите. Ви предлагаме бело сако со мини здолниште во кафена боја. Заокружете го стајлингот со клач=чанта во неутрални тонови и со црни гломазни комбат-чизми.
Фото: Инстаграм, Getty Images