Бивши сопружници: Саша Ковачевиќ открива во какви односи се неговата девојка и дечкото на Цеца

Иако не сака да зборува на оваа тема

Саша Ковачевиќ веќе три години е во љубовна врска со Зорана Тасовац, која е бивша сопруга на Богдан Срејовиќ, со кого ја има ќеркичката Искра (5).

Зорана и новиот дечко на Цеца Ражнатовиќ се разведени речиси пет години, а популарниот пејач откри во какви односи се бившите сопружници, иако ретко зборува за вакви теми.

Зорана и Богдан отсекогаш беа и останаа во одлични односи. Не го коментирам тоа затоа што не сакам давлегувам во туѓите животи. Мене ми е многу драго ако Цеца и тој се вљубени, тоа е најубавото нешто што може да ти се случи покрај децата“, истакна Ковачевиќ за порталот „Србија данас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

Родителите на Богдан со години страдаа поради неговиот развод со Зорана, кој многу тешко го поднесе затоа што мислеше дека ќе остане во брак цел живот и потребно му беше многу време да закрепне. Но сега се сигурни дека Цеца е жена што секој би ја посакал, па им падна голем камен од срцето, а сигурни се и дека нивната внука Искра ќе биде среќна покрај Цеца, бидејќи е чувствителна жена“, доброинформиран извор открива што мислат родителите на Срејовиќ за новата девојка на својот син, која имале можност да ја запознаат на куќната слава Свети Јован, кога Цеца дошла во нивниот дом во Крагуевац.

Повеќе информации како изгледале славата и запознавањето прочитајте ТУКА.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.