#UIZBeautyStars: Сигурни сме дека ги сакате или ќе ги засакате исто како и ние!

Нашите и ваши бјути-ѕвезди!

Некои од бјути-производите што ги употребуваме се вечни, некои се со подобрени формули, некои со освежена амбалажа, а некои едноставно се ѕвезди во својот ранг

Во овој изминат период, во време на несигурност, уште повеќе дојде до израз непобитното задоволство од секојдневните ритуали за нега на убавината што ни носат радост и истовремено ни даваат некое чувство на сигурност: длабинско чистење на лицето на крајот од еден долг ден, комфорот што го пружа пријатен и миризлив хранлив крем за лице, чувството на свиленкава и здрава коса негувана со вистинските препарати, релаксацијата под топол туш со ароматична купка, парфем кој потсетува на среќа…

Како и да изгледа убавината за секого од нас, таа е во тесна врска со производите што ја негуваат, потенцираат, зачувуваат… Некои од бјути-производите што ги употребуваме се вечни, некои се со подобрени формули, некои со освежена амбалажа, а некои едноставно се ѕвезди во својот ранг.

На почетокот од оваа година, нашата редакција ги истакнува производите за кои дефинитивно можеме да кажеме дека вредат за вашето време и пари! Затоа што овие производи прават разлика:

  • Voce Viva, Valentino – женски парфем што остава незаборавна трага
  • Boss Bottled – парфем за мажи што открива нов, смел правец за мажот на денешницата
  • Vichy, Liftactiv – моќно трио против стареење
  • Estee Lauder – серум за регенерација на кожата, за сите типови кожа
  • Lipikar, La Roche Posay – докажан сојузник кога станува збор за нега на сува до изразито сува кожа склона на атопија
  • Olival, Tesori Di Mare – природна козметика за кожа без акни
  • Revalid – антиејџинг-иновација за заштита на скалпот од стареење која го забавува процесот на побелување и ги зголемува волуменот и дебелината на влакното
  • Super Food – маски за лице кои го бришат уморот од лицето
  • Cuccio Naturale – луксузни спа-производи со минерали и природни морски соли
  • Saypha – мезотераписки раствор и дермални филери кои се вистински ѕвезди во современата козметика
  • Jamieson – колаген против брчки кој со право се смета за фантастичен еликсир за младост и убавина
  • Neutrogena Hydro Boost – уникатна иновација за длабока хидратација, која сите знаеме дека е предуслов за здрав изглед на кожата…

 

Сите тие заслужено го носат префиксот НАЈ:

  • најпродавани,
  • најбарани,
  • најпосакувани,
  • најпопуларни,
  • најиновативни,
  • најефикасни…

Следете нè на Инстаграм и поддржете ја кампањата #UIZBeautyStars. Учествувајте во нашето доделување подароци и освојте можност да ги испробате овие производи, кои се вистински ѕвезди во својот ранг! @ubavinaizdravje.mk

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.