Јелена Карлеуша за неверствата: „На Душко му дадов безброј шанси!“

Не е безгрешен

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во брак веќе 12 години, во кој ги добија ќерките Атина и Ника. Популарните сопружници поминаа низ криза во бракот, а шпекулациите за евентуалниот развод беа најгласни во минатата година, кога популарната пејачка беше доведена во љубовна врска со фудбалерот Огњен Врањеш. Но контроверзната дива откри дека не е само таа двигателот на проблемите во нивниот брак…

На Душко му дадов безброј нови шанси! Не сум сигурна дека тој би бил подготвен за истиот тест на издржливост. Ние жените сме потолерантни и поголеми будали“, рече Карлеуша.

И покрај турбуленциите во нивниот однос, Јелена и Душко се сакаат и нема да се разведат, пред се’, поради своите наследнички.

Сè уште верувам дека сопружниците треба да останат во брак заради децата, каков и да е тој“, рече Јелена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


Таа додава дека вистинска љубов постои, но таа не е помеѓу маж и жена.

Тоа е љубовта на мајката кон детето. Сè друго е подложно на ерозија“, рече Карлеуша.

Пејачката се’ уште ја нема преболено смртта на својата мајка Дивна Карлеуша, која почина од рак на белите дробови.

 

Мислам дека Дивна не замина и никогаш нема. Таа е тука со секој мој здив, секое чукање на срцето и секоја мисла. Мајка ми живее низ мене. Некаде пре крајот тоа и го реков. Сакав да и биде кристално јасно. Двете бевме толку поврзани на сите нивоа, што тоа не може да исчезне. Тој вид љубов никогаш не заминува. Јас не зборувам за мајка ми во минато, ниту тоа го прават луѓето во моето опкружување“, завршува познатата српска пејачка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.