Жените не престануваат да зборуваат за капутот што Никол Кидман го носи во популарната ТВ-серија (ФОТО)
Сите го сакаат, а вие?
Капутот околу кој се дигна голем прав, а кој холивудската дива Никол Кидман го носи „како да е родена во него“ во популарната ТВ-серија „Слом“, е совршено есенско парче кое сите дами со задоволство би го носеле. Миди-моделот, исклучително топол, сочинет од кадифе, поради својот дезен и крој изгледа мошне скапо.
Освен што е комплетно кроен според мерките на Никол Кидман, овој капут привлече големо внимание и поради бојата и дезенот.
View this post on Instagram
Материјалот од кој е сошиен дава чувство на удобност и топлина, а кога го набљудувате на актерката, со кројот се истакнати нејзината половина и гради.
View this post on Instagram
Визуелниот ефект на овој модел воцелост ѝ ласка на вашата фигура бидејќи се закочува од страна. Со тоа се добива ефект на „стегната половина“, што автоматски изгледа секси и привлечно.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм