Совршено усогласени: Џенифер Лопез и Алекс Родригез во најмоќното издание досега!
Полн погодок!
Тие поставуваат нови модни стандарди
Џенифер Лопез и Алекс Родригез внимаваат на секој детаљ, па така секогаш се обидуваат да се појават во совршено усогласени комбинации. Тие дефинитивно се пример за совршено модно усогласен пар и претставуваат вистинска инспирација.
Ни овој пат никој не останал рамнодушен на нивната појава. Позитивните коментари само се нижеле, а модните експерти го оцениле нивниот стајлинг со чиста десетка.
Она што предизвикало позитивни критики, освен стајлингот, е и новата фризура на Џенифер Лопез. Иако пред неколку дена се појавила со кратка коса и поставила нов тренд по кој полуделе жените ширум светот, таа сепак се одлучила да ја врати фризурата што ја имала на самиот почеток од кариерата.
Долгата коса и кркмите ги нагласиле најубавите црти на нејзиното лице и направиле да изгледа доста помладо.
Модните експерти се едногласни – оваа комбинација изгледа моќно! Доколку за следното излегување со вашиот партнер одберете сличен стајлинг, тоа несомнено ќе биде полн погодок!