ПАДНА ОДЛУКА – Милош Биковиќ е најпосакуван маж во регионот, а неговите филмови се најгледани!

Тронот е негов на сите фронтови!

Еден од најуспешните актери , Милош Биковиќ. со своите улоги успева да привлече големо внимание и популарност, не само во Србија, туку и во Русија. Благодарение на својот актерски талент, но и шармантен изглед, Биковиќ е миленик на милиони жени во Србија, Русија но и пошироко.

Исто така не е тајна ни тоа дека 32 – годишниот драмски уметник важи за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена.

https://www.instagram.com/p/CAV2MChnbzC/?utm_source=ig_embed

Во интервју за рускиот портал „Вумен. ру“. меѓу другото, одговорил и на прашањтое “дали му годи титулата  – најсексипилен маж во Русија, која со години гордо ја носи.

Тоа би било убаво признание кога не би живееле во свет во кој луѓето не се потпираат само на изгледот. Не сакам многу да посветувам внимание на тоа. Не сакам акцентот од тоа дека сум уметник да се префрли на моето тело, лице и изглед. Ми се чини дека во нашето друштво тоа го има премногу, рекол Милош.

Инаку, деновиве филмскиот центар во Србија објави листа на најгледани српски филмови во периодот од 2010 до 2019 година, а на првите три места се најдоа филмови во кои играше токму Биковиќ, односно на првото место со рекордни 618. 415 гледачи се најде „Јужни ветар“ каде Биковиќ ја толкува улогата на Мараш, а на второто и третото место се „Монтевидео, Бог те видео“ и „Монтевидео, видимо се!“ каде Милош го играше Тирке.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.