Парфем со мирис на вселената? Да, постои!

Најнова иновација

Од идејата за живот во вселената пред неколку години, сега е дојдено до моментот Американската вселенска агенција да лансира мирис наречен „Eau de Space”, кој е создаден врз основа на миризливите спомени на астронаутите кои биле во вселената. Како го опишуваат неговиот мирис? Како мешавина од озон, малина, рум, барут и пржено месо.

Прилично чуден спој, зарем не? Автор на мирисот е хемичарот Стивен Пирс, шеф на компанијата Омега Инегриенти, која создава природни ароми, а кој започна да соработува со НАСА уште во 2008 година, кога го создаде мирисот во внатрешноста на станицата „Мир“.

Создаден е да им помогне на астронаутите да се навикнат на мирис на вселената и вселенски станици пред да ги посетат, а потоа Пирс реши да го запознае и со пошироката јавност. За да собере капитал за масовно производство, тој започна кампања на Kickstarter, која успеа да собере 333.000 американски долари. По завршувањето на кампањата, парфимерот вети дека ќе го лансира мирисот „Eau de Space”, кој ќе се најде во продажба по прифатлива цена. НАСА нема да застане тука со своите прозиводи за убавина: планира уште еден парфем – „Smell of the Moon”, со мирис на месечината.

Прочитајте и: Минерална шминка: Предности и недостатоци

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.