Ана Николиќ продолжува да ја бранува јавноста со фотографиите објавени на Инстаграм (ФОТО)
Мислењата се поделени
Ана Николиќ се врати на музичката сцена по неколкугодишната пауза разведена, ослабена и подновена – со нов албум. Разбирливо, веднаш се најде во центарот на вниманието, во добар дел поради новите песни, кои станаа хитови, но најмногу поради губењето на повеќе од 50 кг, кои ги наталожи за време на бременоста со Тара, но и по породувањето.
Со секоја нова фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи, се нижат се’ поголем број коментари на сметка на нејзиниот физички изглед, а килсењата се и понатаму поделени.
Додека едни се загрижени за слабиот изглед на поп-пејачката, други ја фалат дека изгледа најдобро досега. Што мислите вие?
Фото: Инстаграм