Јелена Карлеуша предизвика хаос во Турција: Љубоморната свршеница на турскиот актер го искршила апартманот поради неа
Ѝ се смачи!
За време на одморот со ќерките Атина и Ника во Анталија, популарната Јелена Карлеуша предизвика хаос во хотелот во кој беше сместена, без да биде свесна за тоа.
Имено, во истиот хотел летувал и славниот турскиот актер Миран Асланбеј, кој пред два месеци почна да ги лајкува фотографиите на пејачката. Тоа предизвика напад на љубомора кај неговата долгогодишна девојка и свршеница Сандра, која го фатила дека ги гледа фотографиите на Јелена на Инстаграм. Инаку, актерот ја следи Јелена уште од времето кога нејзиниот сопруг Душко Тошиќ играше фудбал за Бешикташ, а таа стана позната во Турција.
На Јелена ѝ е преку глава да ја спојуваат со некого секогаш кога ќе замине некаде без Душко. Медиумите во Турција пишуваа дека на Миран му се допаѓа Јелена, а целата ситуација дополнително ја подгреаја неговите лајкови на нејзините фотографии. Не знам дали е случајност што и двајцата се најдоа на летување во Анталија или Миран допатувал откако дознал дека е таму. Како и да е, тоа предизвика расправија меѓу Миран и Сандра, кои би требало да се венчаат летово. Се скараа и таа во наплив на гнев го искрши апартманот. Беше убедена дека Миран и Јелена се заедно во Анталија, иако тие не се ни сретнаа таму“, раскажа за „Свет“ извор близок на пејачката.
А што вели Душко Тошиќ за сите овие написи, времето ќе покаже.
Фото: Инстаграм