Сека Алексиќ „гори“ од љубов: „Покрај Вељко се смирив“

Знаела дека тој е ТОЈ!

Фото: Принтскрин, Јутјуб

Сека Алексиќ веќе неколку години е во среќен брак со својот поранешен телохранител Вељко Пиљикиќ, со кого има два сина, Јаков и Јован.

Кога ќе размислам за тоа каков сопруг избрав, се чувствувам среќно, задоволно, гордо. Нашите избори многу зборуваат за нас самите. Кога сме многу млади, при изборот на партнерот се раководиме од критериуми што се соодветни за таа возраст. Со текот на времето, искуството, созревањето, тие критериуми се менуваат и надополнуваат. Кога планираме да основаме семејство со некого, важно е на нашиот партнер да гледаме и како на иден татко на нашите деца. Не е важно дали имаме исти погледи кога станува збор за патувањата, уредувањето на домот, забавата, поважно е ставовите да ни се совпаѓаат кога се работи за семејството, која е темел за секој нормален човек. Јас веднаш го препознав тоа во Вељко и сфатив колкаво значење има за него семејството. Од самиот почеток знаев дека ќе биде одличен сопруг и татко за пример, а тој само го потврди тоа подоцна“, открива Сека во интервјуто за магазинот „Стори“.

 

 

View this post on Instagram

 

Idemo u šetnju ❤️❤️❤️❤️

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic) on

Пејачката отворено зборува и за тоа во колкава мера се има сменето во врската со Вељко.

Партнерите не смеат да ја загубат својата индивидуалност додека го градат заедничкиот живот и се приспособуваат еден кон друг. Треба од почит кон другиот да работат на себе и да ги сменат особините што не се за пофалба. На пример, покрај Вељко научив да бидам посмирена, да го скротам нетрпението кое ми беше главна карактерна особина претходно. Но тоа не го загрози интегритеот на мојата личност, туку придонесе да бидам уште подобра.“

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.