Ова е најмоќниот појадок на светот: Изедете го ова наутро и дајте му на телото сè што му треба!

Постојат рецепти и постојат суперрецепти

Знаеме дека житарките од цело зрно се суперхрана, совршен извор на влакна кои ја регулираат дигестијата и работата на дигестивниот тракт, како и непресушен извор на други витални нутриенти.

Кога ќе ги помешате тие житарки со овие додатоци, ќе добиете суперпојадок кој ќе му ги исполни сите енергетски, витамински и минерални потреби на вашиот организам, со внесување минимум калории, без преработени шеќери или какви било адитиви и вештачки додатоци.

Звучи совршено? Навистина е така!

Рецептот за здравје е многу едноставен, а се приготвува уште поедноставно. Можете да направите резерви за една, две или три недели, за само 15 минути.

Сè што ќе најдете на следниов список нуди минимум десет придобивки за вашето здравје и за секој систем во организмот – кардиоваскуларниот, нервниот, дигестивниот, уринарниот и ендокриниот.

Состојки за појадокот кој ќе ви го продолжи животот и ќе ви го сочува здравјето…

  • Овесни/ ‘ржани снегулки од цело зрно
  • Ленено семе (1 кесичка)
  • Сушена брусница (70-80 г)
  • Сушена аронија (60-70 г)
  • Сушени гоџи бобинки (60-70 г)
  • Суви сливи (неколку парчиња, ситно сечкани)
  • Сирови бадеми (100 г)
  • Сиров бразилски орев (60-70 г)
  • Сиров лешник (70-80 г)
  • Сушен ананас (100 г)
  • Сушена папаја
  • Органски цимет (70-80 г)
  • Сирово сончогледово семе (100 г)
  • Семки од тиква (100 г)
  • Мед
  • Јогурт/бадемово/кокосово млеко (по избор)
  • Органско какао (опционо)
  • Свежо сезонско овошје (опционо)
Приготвување:

За приготвување на овој суперпојадок треба да ги измешате овесните снегулки со сувите состојки, така што ќе земете една голема чинија (како за салата), најпрво ќе ги сипете овесните снегулки и лененото семе, па ќе ги додадете сушените брусници, аронија, гоџи бобинки и суви сливи кои сте ги исечкале ситно и сето тоа добро промешајте го.

Потоа, додајте јаткасто овошје, кое можете да го оставите како цели парчиња или да го сомелете крупно во блендер (немојте да го сомелете во прав, бидејќи тоа многу го одзема вкусот). Додајте сушен ананас и папаја, цимет, семки од тиква и сончогледово семе и на крајот, сето тоа добро измешајте го.

Мешавината ставете ја во пластична вакуум чинија за чување храна и оставете ја во фрижидер. Вака приготвената мешавина ќе ви трае неколку недели, што е исклучително практично бидејќи за 15 минути ќе приготвите појадок за еден месец!

Консумирање:

Секое утро сипете неколку лажици од готовата мешавина во чинија, додајте јогурт, бадемово или кокосово млеко, по желба, сипете лажица природен мед и, во зависност од сезоната, можете да додадете малку свежо овошје (малини, капини, банана…) или да посипете мешавина со малку органски какао-прав. Сето тоа добро измешајте го и оставете го неколку минути за кашата да ја впие течноста. И вашиот појадок е готов!

Напомена: Ако сте алергични или нетолерантни на која било од состојките, можете да ја исфрлите или замените со друга.

Добар апетит!

Слабејте на здрав начин: Со овој појадок ќе бидете сити, а ќе слабеете!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.