Зигмунд Фројд и неговиот необичен ум: „Во ред е да полудите, да згрешите – секоја ригидност е психопатска!“

Размислувал поинаку од сите други луѓе

Секој нормален човек, всушност, е само делумно нормален…

Зигмунд Фројд бил австриски лекар, психијатар и еден од најконтроверзните научници од 20 век. Неговата работа до ден денес предизвикува турбуленции и поделени мислења во научно-истражувачкиот свет на полето на психијатријата.

Фројд се смета за татко и основоположник на модерната психоанализа. Неговите истражувања и дела се обележани со две големи теории и откритија: ја објаснил мистеријата на човечкиот сон и прв го нашол универзалниот клуч за човечката потсвест.

Тој сметал дека „малку лудило“ и отсуство на дисциплина, како и правењето грешки – се одлики на здравиот човек. Пресериозниот човек, оној кој секогаш е во баланс со себе и со сите околу себе и е „безгрешен“, всушност е опсесивен и плашлив, се плаши од сопствената сенка и од сето тоа што може да излезе од неа, па затоа се смета и за опасен. Фројд сметал дека ваквата „стерилна“ структура на личноста може потенцијално да биде многу опасна.

Ви претставуваме некои од неговите најинтересни размислувања за човекот…

  • „Големината на вашиот идентитет се одредува со големината на проблемите што можат да ве извадат од такт.“
  • „Мажот е среќен со секоја жена додека ја засака.“
  • „Пред да се дијагностицирате себеси со депресија и ниска самодоверба, задолжително уверете се дека не сте опкружени со идиоти.“
  • „Сè што правите во кревет е прекрасно и апсолутно правилно. Важно е да им се допаѓа на двајцата.“
  • „Кучињата ги сакаат своите пријатели и ги касаат непријателите, сосема спротивно од луѓето кои не се способни за чиста љубов и кои секогаш ја мешаат љубовта со омраза.“
  • „За сексуална девијација може да се смета единствено отсуството од секс. Сè друго е работа на вкус.“
  • „Идеалната, вечната и исчистена од омраза љубов пости само помеѓу зависниците и дрогата.“
  • „Неврозата е неспособност да се толерира нејаснотијата.“
  • „Колку е побеспрекорен човекот однадвор толку повеќе демони има во него.“
  • „Ние никогаш не сме поранливи од моментот кога сакаме и никогаш не сме така безнадежно несреќни како кога ја губиме љубовта.“
  • „Првиот знак на глупавост е целосното отсуство на срам.“
  • „Децата се потполно егоистични: силно ги чувствуваат своите потреби и немилосрдно се борат да ги задоволат.“
  • „Луѓето се поморални одошто мислат и многу понеморални одошто можат да замислат.“
  • „Поголемиот дел од тоа што се наоѓа внатре во нас е несфатливо, а она што е препознатливо е реално.“
  • „Секој нормален човек, всушност е само делумно нормален.“
  • „Ако сте му опростиле сè на човек, значи засекогаш сте завршиле со него.“
  • „Времето поминато со мачки никогаш не е залудно потрошено.“
  • „Човек може да се брани против секој човек, но против пофалбите останува беспомошен.“
  • „Ние сè повеќе тежнееме кон тоа да одбегнеме болка одошто да доживееме радост.“
  • „Во моментот кога човек ќе почне да се сомнева во својот живот и во својата вредност, станува болен.“
10 тешки и сурови вистини од Зигмунд Фројд: Ќе ви ги отворат очите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.