8 видови овошје што го зајакнуваат имунитетот до максимум: Победете ги болестите на природен начин!

За добро здравје

Прочитајте кое овошје треба почесто да го јадете за да го зајакнете имунолошкиот систем

За добро здравје, неопходно  е да работите на целокупната состојба на организмот. А имунитетот е клучен за зачувување на здравјето.

Особено во време на пандемија на коронавирус, треба максимално да се заштитите и да поработите на зајакнување на одбранбениот механизам.

Консумирањето овошје што е богато со витамини и минерали може да ви помогне.

Портокали

Портокалите се богати со витамини Ц, Б, Е, провитамин А, а содржат и калциум и калиум. Токму високата содржината на витамин Ц дејствува како антиоксиданс, го зголемува бројот на бели крвни зрнца и го зајакнува имунолошкиот систем. Предноста на ова овошје е тоа што е достапно во текот на цела година.

Папаја

Ова тропско овошје содржи ензим папаин кој има антивоспалително дејство на организмот и влијае врз зајакнувањето на имунитетот.

Грозје

Грозјето изобилува со витамини А, Б, Б6 и Ц, а содржи и голема количина на минерали и хранливи материи, како фолна киселина, ензими, протеини, калциум, магнезиум, калиум, манган и фосфор.

Јаболка

Јаболката се богати со антиоксиданси и се сметаат за едно од најздравите овошја. Изобилуваат со витамини Ц, А, Б1, Б2. Содржат и бета каротен, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Содржат кверцетин, камферол, мирицетин, катехим, антоцијанин и повеќе од 20 антиоксиданси.

Лубеница

Преполна е со хранливи состојки кои му помагаат на телото ефикасно да се избори со инфекции. Лубеницата е одличен извор на витамин Ц, А, калиум и магнезиум, а содржи и многу вода.

Калинка

Калинката содржи цела лепеза корисни супстанции и микроелементи, а тука пред сè спаѓаат витамините (особено витамин Ц), влакна и минерали, како калциум, калиум, натриум и магнезиум. Исто така, содржи 15 видови аминокиселини кои претставуваат неопходни компоненти за функционирање на нашиот организам.

Лимон

Лимонот е полн со нутриенти, содржи биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калиум, магнезиум, фосфор, манган, а богат е и со влакна.

Ова овошје е поефикасно од лекови: Еден грст дневно ги убива канцерогените клетки и ја подмладува кожата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.