Ова овошје е поефикасно од лекови: Еден грст дневно ги убива канцерогените клетки и ја подмладува кожата!

Го чува и здравјето на мозокот

Малините се одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси

Во ова мало овошје се содржат бројни придобивки за целото тело. Содржината на антиоксиданси во малините може да помогне во спречувањето низа здравствени состојби.

Витамин Ц и Е, селен, бета-каротен, лутеин, ликопен и зеаксантин – сите овие антиоксиданси ги има во малините. Исто така, содржат и растителни хемикалии што се викаат флавоноиди, кои имаат антиоксидативни ефекти.

Антиоксидансите му помагаат на телото да ги елиминира отровните материи, познати како слободни радикали. Телото произведува некои од овие супстанции во текот на метаболичките процеси, но другите се последица на надворешни фактори, како што се нездрава храна и загадување. Ако во организмот останат премногу слободни радикали, тие можат да предизвикаат оштетување на клетките, што резултира со низа здравствени проблеми.

Малината, исто така, е добар извор на влакна. Една шолја малини содржат 8 грама, што е речиси половина од дневните потреби на телото.

Овие се шесте силни причини зошто би требало да ги внесете малините во вашето мени…

1. Придонесуваат за здравјето на мозокот

Експертите докажале дека консумирањето исхрана богата со антиоксиданси може да придонесе за здравјето на мозокот и невролошкиот систем. Постојат докази дека витамините Ц и Е можат да помогнат за заштита на мозокот и помнењето.

2. Го чуваат здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека една група флавоноиди, особено антоцијанините, кои ги има во малините, можат да ги спречат воспаленијата кои можат да доведат до кардиоваскуларни болести.

Малините го спречуваат насобирањето тромбоцити и го снижуваат крвниот притисок. Исто така се одлични и за снижување на нивоата на холестерол и за спречување на дебелеење.

3. Превенција на рак

Националниот институт за рак забележал дека антиоксидансите од малините можат да помогнат во заштитата на телото од рак на бели дробови, хранопровод, желудник и слично.

Во 2010 година, научниците лекувале пациенти заболени од рак на дебело црево со екстракт од црвена малина. Резултатите биле неверојатни, екстрактот убил повеќе од 90% од клетките. Истражувачите процениле дека антиоксидансите се одговорни за уништувањето на половина од клетките на одредени видови рак.

4. Го намалуваат ризикот од појава на дијабетес

Докторите во 2018 година заклучиле дека диеталните влакна можат да го намалат ризикот од развој на дијабетес тип 2 и да ги ублажат симптомите кај луѓето што веќе ја имаат оваа состојба.

5. Ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем

Содржината на влакна и вода во малините помага за спречување опстипација и за одржување на здравјето на дигестивниот систем. Соодветните влакна поттикнуваат правилна работа на цревата, што е пресудно за секојдневното излачување токсини. Зголеменото внесување влакна исто така може да помогне за намалување на нивоата на холестерол и за слабеење.

6. Го чуваат здравјето на очите

Малината содржи антиоксиданс зеаксантин, кој ги филтрира штетните зраци на сина светлина.

Покрај сето ова, малините содржат и:

  • Витамин Ц: Овој витамин е важен за создавање колаген, кој прави кожата да изгледа младолико.
  • Фолат: Фолатот е неопходен за правилна работа на клетките. За време на бременоста, лекарите го препишуваат за да поттикнат здрав раст на нероденото дете.
  • Витамин К: Одлична одбрана од сите кардиоваскуларни болести.
Изобилство на хранливи материи: Малините се омиленото летно овошје!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.