И пет минути помагаат: Три лесни вежби во вода за тенка половина и цврст задник

Многу фитнес експерти се согласуваат дека пливањето е најдобра вежба за целото тело, но не е единствената што можете да ја извршите во вода.

Пливањето е одлична кардиоактивност која согорува калории со голема брзина и не создава притисок врз зглобовите. Меѓутоа, ако не сте љубител на пливање или сакате други вежби за надградба на вашата фитнес рутина за време на вашиот престој на плажа, тогаш имаме три едноставни вежби за вас.

Можете да ги извршите сите три вежби одеднаш во интервали и да ги организирате по желба.

Овој сет е првенствено наменет за половината и ќе ви помогне да ги „скинете“ стомачните мускули, но исто така има одличен ефект врз остатокот од телото, затоа што кога вежбате, водата обезбедува отпорност и со тоа ги принудува сите мускули во телото да работат.

Лежечки стомачни

Легнете во пликата вода со главата надвор од водата и вашето тело дел надолу од рамената во водата. Површината не мора да биде рамна и положбата на телото со мала наклоност не пречи во изведбата на вежбата. Поставете ги рацете до телото и истегнете ги нозете исправено. Потоа кренете ги исправените нозе и торзото во исто време додека ги држите рацете во позиција како да се обидувате да ги допирате прстите на стапалата. Повторете 10 пати.

Чучњеви во вода

Застанете исправено во водата до бутовите. Испружете ги рацете директно пред вас и клекнете. Повторете 10 пати.

Подводен велосипед

Застанете во водата до вратот и имитирајте возење велосипед со нозете. Направете ја оваа вежба 1 минута.

СОВЕТ: Сите три вежби можете да ги извршите одеднаш во интервали и да ги организирате по желба. Можете да ги изведувате неколку пати на ден.

Прочитајте и: Дали познатите 10.000 чекори на ден се доволни за да изгубите вишок килограми?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.