Секси до срж: Фустанот на Роузи Хантингтон Вајтли го „заведе“ Инстаграм (ФОТО)
Апсолутен хит ова лето!
Прекрасната манекенка Роузи Хантингтон Вајтли прва го забележа потенцијалот на фустанот на еден од омилените брендови на Инстаграм – Cult Gaia.
Станува збор за долг фустан со изрези на половината и со длабоко деколте, кој е еднакво носив и на гламурозните настани и на плажа. Како е возможно тоа? Одговорот лежи во изборот на материјалот.
Моделот што го носи Роузи е направен од пријатен памучен конец, кој совршено ја следи линијата на телото, а кој лесно може да замени и свечен материјал.
Фустанот на Роузи Хантингтон Вајтли е достапен во три бои – валкано бела, крем и бакарна, кои се идеални за исончан тен.
Фото: Инстаграм