Тест за сопружници: „Скенирајте” го статусот на вашиот брак

Дали вашиот брак е во криза?

Дали емоциите во вашиот брак се чини дека „шкрипат“? Можеби е време да ги „скенирате“ според методот направен од професоркатт по сексологија Пепер Шварц.

Таа тврди дека има метод што може да ви понуди (точен) одговор на прашањето дали емоциите во вашиот брак се „спласнати”.

Всушност, сето тоа е напишано во одговорите што ќе ги добиете откако ќе ги прочитате прашањата што таа ги смисли. Ако повеќето од вашите одговори се „да”, тоа значи дека имате причина да се сомневате дека вашиот брак е во криза.

Дали ви е тешко да најдете решение за кој било проблем заедно?

Професорката вели дека суштината не е да го убедите вашиот партнер дека секогаш сте во право, или обратно, туку заедно да пронајдете компромисно решение.

Дали вашиот сопружник донесува најмногу одлуки?

Убавината на заедницата е во заедничко одлучување, односно почитување на ставовите и мислењата, а не во доминација на нечија страна.

Дали е вашиот сопружник е воздржан во изразување нежност и страст?

Не станува збор само за секс, туку за бакнежи, прегратки, „обични“ допири на рацете и насмевки во текот на денот. Ако тие се отсутни, тоа не е добро.

Дали вие или вашиот партнер генерално за време на разговорот преземате одбранбен став?

Ова е само начин на изразување борба што е всушност непотребна во брачните води и затоа укажува на проблем во заедницата.

Дали партнерот е далеку од флексибилен во било што?

Важно е да знаете дека сè тече и сè се менува, па затоа е добро да го прифатите тоа, а не да останете заглавени на истото место.

Прочитајте и: Тест: Дали сакате некого или сте само заљубени?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.