Чоколаден колач со павлака: Вкус за вистинско уживање!

Незаборавен

Пригответе го овој летен десерт, оладете го, па засладете се

Состојки:
  • 4 јајца
  • 170 г брашно
  • 2 лажици какао
  • 120 г путер
  • 1 чоколадо
  • 1 прашок за печиво
  • 200 г кисела павлака
  • 100 г шеќер
  • 50 мл врела вода за какао
  • 200 мл слатка павлака
Приготвување:

Изматете јајца, додајте просеано брашно со прашок за печиво и омекнат путер. Во какаото додајте врела вода и добро измешајте, па додајте го тестото. Ставете кисела павлака и сето тоа полека измешајте го. Подмачкајте плех со димензии 30х20 и посипете го со брашно.

Истресете го тестото, израмнете го и протресете го. Печете на 190 степени Целзиусови околу 40 минути. Добро оладете го колачот. Изматете слатка павлака, па ставете ја врз колачот и прелејте ја со стопено чоколадо. Оставете го во фрижидер 2 часа да се стегне и да се олади.

Банана-ролат готов за 10 минути: Неодолив кремаст десерт што ќе ве распамети!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.