Доколку барате исклучително брз и кремаст десерт, пробајте го овој рецепт
Состојки:
- 300 мл слатка павлака
- 50 г шеќер во прав
- 300 мл млеко
- 24 бисквити
- 200 г вишни
- 200 мл слатка павлака
- 60 г какао или чоколадо
- шеќер по вкус
Приготвување:
Изматете ги слатката павлака и шеќерот. Претворете ги во шлаг. Во млекото, потопувајте ги бисквитите (по 3 парчиња одеднаш). Добро потопете ги. Редете ги во сад за печење.
Врз нив додајте ги вишните. Рамномерно распоредете ги и врз тоа премачкајте го шлагот што го измативте.
Загрејте ја преостанатата павлака и во неа стопете чоколадо или какао. Оладете го малку кремот и прелејте го врз колачот.