Брз колач со вишни без печење: Готов за миг!

Кремасто!

Доколку барате исклучително брз и кремаст десерт, пробајте го овој рецепт

Состојки:
  • 300 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер во прав
  • 300 мл млеко
  • 24 бисквити
  • 200 г вишни
  • 200 мл слатка павлака
  • 60 г какао или чоколадо
  • шеќер по вкус
Приготвување:

Изматете ги слатката павлака и шеќерот. Претворете ги во шлаг. Во млекото, потопувајте ги бисквитите (по 3 парчиња одеднаш). Добро потопете ги. Редете ги во сад за печење.

Врз нив додајте ги вишните. Рамномерно распоредете ги и врз тоа премачкајте го шлагот што го измативте.

Загрејте ја преостанатата павлака и во неа стопете чоколадо или какао. Оладете го малку кремот и прелејте го врз колачот.

Пита со вишни и со пудинг од ванила: Колач што не се одбива!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.