Пита со вишни и со пудинг од ванила: Колач што не се одбива!

Совршено!

Пита што ќе ги воодушеви сите сладокусци

Состојки:
  • 500 г кори за пита
  • 1 л млеко
  • 200 г шеќер
  • 3 пудинга од ванила
  • 100 мл масло
  • 200 г гриз
  • 200 мл јогурт
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 300 г вишни
Приготвување:

Во тенџере ставете 700 мл млеко, па додајте 7 лажици шеќер, загрејте ги, а во преостанатите 300 мл млеко разматете пудинг од кесичка. Соединете ги со млекото и загревајте. Префрлете го пудингот во сад, ставете 40 г путер (по желба), покријте со фолија и тргнете го настрана. Додека пудингот се лади, го приготвуваме преливот за корите.

Со маталка изматете ги јајцата, постепено додавајте шеќер и матете. Потоа, додајте масло, јогурт и гриз, ванилин шеќер и пола прашок за печиво. Сето тоа убаво соединете го.

Почнете со приготвување на питата, така што ќе земете четири кори, на секоја од нив ќе ставите прелив, на третата кора ќе ставите вишни, а последната пудинг. Завиткајте во ролат. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Премачкајте ги ролатите со остатокот од преливот. Ставете ги во плех и печете ги 30 минути на 180 степени. По желба, наросете ги со шеќер во прав. Добар апетит!

Најлесната и најсочната пита од јаболка: Без млеко, брашно и маргарин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.