Двете пејачки со иста кратка фризура: На која поубаво ѝ прилега? (ФОТО)
Јелена Карлеуша VS Ана Кокиќ
Трендот на пикси-фризурата стана мошне популарен, па познатите дами се осмелија да ја потстрижат косата.
Поп-пејачката Ана Кокиќ ја скрати својата долга руса коса и ги воодушеви своите обожаватели. Иако долгата коса е олицетворение на женственоста, сепак, згодната пејачка сега изгледа многу посексапилно.
Слична фризура, пред неколку години носеше и Хале Бери, која по филмот „Жена мачка“ го негуваше овој имиџ, кој совршено ѝ прилегаше.
Од друга страна, Јелена Карлеуша сега е во фаза на растење на косата и за секоја пригода има различен стил, а денес пред Основниот суд во Белград се појави во сосема природно издание.
Во тесниот црн фустан, ЈК ги истакна своите атрибути, а нејзината фризура ја забележаа сите. На прв поглед мошне личеше на Ана Кокиќ, но додека се движеше кон автомобилот, сепак можеше да се види дека има малку подолга коса од својата колешка.
На која пејачка поубаво ѝ прилега пики-фризурата – проценете сами!
Фото: ATA Images, Instagram