Јелена Карлеуша на суд природна, а на снимање – максимално провокативна (ФОТО)
Трансформација
Јелена Карлеуша беше снимена пред Основниот суд во Белград во природно издание, кратка коса, маска на лицето и големи очила за сонце, па изгледаше како да сака да им избега на насобраните фоторепортери, кои сепак успеаја да ја уловат.
Меѓутоа, само неколку часа подоцна, на снимањето на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, популарната пејачка се појави во сосема поинакво издание. Стокмена од глава до петици, со перика, комплетна шминка и провокативен мини-фустан со цветен дезен, ЈК ги покажа сите своите антрибути и блесна со сиот свој сјај.
Каква трансформација, нели?
Фото: ATA Images, Instagram