U&Z brands со подарок за 1 читателка: Изберете го омилениот модел хеланки или топ Caju Brasil од нашата онлајн-продавница

Онлајн-продавницата U&Z brands е продолжение на успешната приказна што ја раскажува најстариот и најпосакуван женски магазин „Убавина и здравје“! Во неа ќе ги најдете моделите на бразилскиот премиум-бренд „Кажу Бразил“ (Caju Brasil), првпат достапен кај нас.

Брендот „Кажу Бразил“ е основан пред 15 години во Вотупоранга, Сао Паоло, и главно е фокусиран на дизајн и производство на куси, долги и капри-хеланки, топови и комбинезони. Денес се продава низ сите држави во Федеративна Република Бразил, но и во 43 други земји во светот.

Ергономскиот дизајн на хеланките и високиот процент на еластин придонесуваат моделите на Caju Brasil совршено да се приспособат на линијата на телото, а моделирањето /Empina BUM-BUM/ придонесува за видлив лифтинг-ефект во пределот на задникот.

Жежок моден тренд во сезоната пред нас се фитнес-парчињата. Хеланките и топовите се создадени за идеален тренинг, доволно удобни за секојдневно носење, но и суператрактивни за да оставиме моден печат и во други пригоди.

Дизајнот и квалитетот се главната цел на брендот, па затоа комплетниот процес на производство се одвива во нивната фабрика во Бразил.

Сите материјали (New Zeland, Atletika, Atlanta и Еmana) се со исклучително висок квалитет, добиени со уникатна технологија на производство и со висок процент на еластин. Содржат биоактивни кристали, кои ја подобруваат циркулацијата, а со тоа влијаат против појавата на целулит и болка и умор во мускулите. УВ-филтрите во материјалите обезбедуваат и заштита од сонце.

Принтовите и дезените на материјалите се ексклузивно дизајнирани за „Кажу Бразил“. Моделите во колекциите најчесто се комбинирани со проѕирни мрежи, украсни патенти, ленти и атрактивни бои. Во колекциите секогаш ќе пронајдете класични парчиња, но и најразлични фанки-модели, кои лесно ќе ги комбинирате и за тренинг, но и за впечатлив уличен изглед.

Во „Кажу Бразил“ се грижат и за девојките со облини. Некои од моделите се дизајнирани да обезбедат уште поголема поддршка, но и удобност каква што се очекува од квалитетните модели хеланки.

Доколку сакате да нарачате производ, посетете ја онлајн-продавницата на U&Z Brands (кликнете ТУКА) и од каталогот изберете што сакате да купите.

Испратете ги називот на производот, големината (S, M, L, XL, XXL) и бојата, вашето име и презиме, контакт-телефонот и адресата на која живеете на мејл-адресата uizbrands@gmail.com, на нашите социјални мрежи или јавете ни се на телефонскиот број 02/2431-405.

Доставата е БЕСПЛАТНА до вашиот дом, а плаќањето го вршите при приемот на пратката. Производите ги доставуваме само на територијата на нашата земја.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.