Ким Кардашијан со досега необјавена фотографија му ја честита годишнината од бракот на Канје Вест (ФОТО)
Емотивна сопруга
Ким Кардашијан и Канје Вест спаѓаат меѓу највлијателните брачни двојки на денешницата. Освен што се славни, успешни во своите професии и на сметките во банка имаат милиони, тие се родители на четири деца: Норт (5), Сеинт (4), Чикаго (2) и Псалм (1).
Долговечните брачни двојки се вистинска реткост во светот на познатите, но ријалити-ѕвездата и раперот успеаја да им одолеат на сите искушенија досега и пред три дена да ја прослават 6-годишнината од бракот.
Зад нас се шест години, а пред нас е цела вечност. Заедно докрај“, напиша емотивната Ким во описот на досега невидената фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил, а на која го бакнува својот сопруг.
Фото: Инстаграм