Ново енигматско списание на нашиот пазар: „Мозгалка“!

Решавајте и уживајте!

Добре дојдовте во светот на енигматската забава! Пред вас е „Мозгалка“, издание наменето за љубителите, а истовремено и за експертите во решавање крстозбори, судоку, осумнасочници, квизови…

„Колор медиа плус“ на нашиот пазар го пласира забавно-енигматското списание „Мозгалка“, кое содржи разни видови крстозбори – награден крстозбор, кој ќе му донесе вредна награда на првиот „мајстор“ што ќе го реши и ќе ни ги испрати решенијата на наведената мејл-адреса, потоа, класични, бели, мозаични, домино, хаос-крстозбори, скандинавски крстозбори, осумнасочници, судоку-крстозбори – анаграми, ребуси, лавиринти, хумор (вицеви и смешни карикатури), квиз на знаење…

 

Активирајте ги мозочните клетки и забавувајте се со нас!

Списанието излегува еднаш месечно.

Ѕирнете во дел од содржините во новото енигматско издание „Мозгалка“, кое можете да го купите на сите поголеми продажни места (супермаркети, мини-маркети, бензински пумпи, трафики) низ републиката, по цена од 40 денари.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.