И покрај тешката ситуација во Италија поради епидемијата со коронавирусот, Италијанците настојуваат да не ги загубат ведриот дух и позитивното расположение пеејќи, свирејќи и танцувајќи на своите балкони, а еден навивач на Јувентус на својот твитер-профил објави смешна видеоснимка од својата мачка.
Ова е мојата мачка, нејзиното име е Џиџи, а сега ќе видите зошто“, порача тој на Твитер.
Мачката го добила името по славниот голман на Јувентус Буфон, а видеото најдобро покажува зошто.
@gianluigibuffon If Buffon was a cat. pic.twitter.com/lVAijDUaV1
— Tony (@Mrtdogg) March 30, 2020
Видео: Твитер