Стајлинзи кои ќе ви го одземат здивот: Вака ќе ги комбинираме боите оваа пролет! (ФОТО)
Освојуваат на прв поглед
Со овие комбинации стајлингот ќе ви биде совршен.
Дизајнерите, но и трендсетерите со своите стајлинзи ни покажаа кои комбинации ќе бидат актуелни во текот на пролетта. Како што и очекувавме, во тренд ќе бидат светли и весели бои, а во комбинациите ќе се заљубите на прв поглед.
Што повесели и смели, толку подобро, е мотото на дизајнерите оваа сезона.
Наредната сезона ќе бидат модерни комбинации кои излегуваат надвор од комфорт зоната. Бидете што покреативни кога е во прашање облеката, бидејќи сѐ е дозволено.
Еве кои комбинации ќе бидат најактуелни:
Светло розево и кафеаво
Многу романтична комбинација, одлична за излегување на вечера. Овие нијанси им одговараат апсолутно на сите.
https://www.instagram.com/p/B8-gJrel65I/?utm_source=ig_embed
Розева и зелена
Комбинација за оние кои се малку посмели, дами кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Без дилема, сите погледи ќе бидат во ваша насока.
https://www.instagram.com/p/B8aLaESBQYe/?utm_source=ig_embed
Светло сина и жолта
Стајлинг резервиран за романтични души и дами кои сакаат со стилот да остават впечаток на нежна и женствена личност. Како што е ситуацијата со светло розевата и крем бојата, така и овие нијанси одлично им одговараат на сите.
https://www.instagram.com/p/B8tk9HRqJnf/?utm_source=ig_embed
Пастелна и светло зелена
Сите нијанси на зелена во иста комбинација како резултат даваат моќен изглед кој ќе плени погледи каде и да се појавите.
https://www.instagram.com/p/B7–BlbqTpI/?utm_source=ig_embed